Посета во Битола 27.03.2011

На ден 27.03.2011 година на барање на претставник од Битола беше одржан состанок со приватните доктори и со претседателот на ЗПЛРМ.

Ова е втора посета на колегите во текот на една година. Др Лилија ги информираше за новите договори,измените во режим на препишување,новите критериуми за боловања,новиот начин на упатување кој треба да се случи во блиска иднина и на кој работеа претставници од нашето здружение заедно со претставници на Министерство за здравство.

Имаше претставник гинеколог, педијатар и општи доктор.За средбите во Министерство-каде се разговараше за темите за кои Фондот не упати во МЗ.За сите средби со Директорката на Фондот со која сме надминале многу проблеми и сме нашле разумна солуција,за Струмица,Прилеп,Куманово.

Добија информации и за семејна медицина ,каде се обавува и како тече истата.Најмногу колегите се интересираа за новиот закон за авторски права,поточно околу лиценцирањето на нивните компјутери.На сите им се објасни да во моментов имаат опција да преминат на Линукс верзија,направена од Прима медика-моментално решение или да си го лиценцираат софтверот.

Имаше прашања дали може стартер-да во моментов ке бидат заштитени е одговорот.Но сите што го работат проектот кажуваат да мора да биде Виндоус професионал 7.

На сите присутни им се објасни да секој сам ќе си одлучи што ке прави и како ќе се заштити да биде во согласност со законот за авторски права.На состанокот беше присутен и претставник од АМЦ компјутери кој им објасни колку коштаат лиценците,надградбата и даде одговор на сите други прашања.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари