Проблеми со приоритетно упатување
Почитувани колеги,
Јас сум Др. Флорим Османи од с. Отља, Липково. Пред неколку дена добив писмо од Министерството за здравство дек треба да престанам со приоритетните упати. Јас не знам како, кога од нашиот координатор Др. Фатмир добивме email дека за промена на катетер мора приоритетен упат и дека е барање од министерство пациентите кои што имаат потреба за промена на катетер да ги пратиме со приоритетен упат.
Ние во оваа ситуација не знаеме што да правиме. Друг проблем е тоа што колегите од секундарно здравство ги знаат пациентите и без наше знаење им вршат прегледи па потоа ги упатуваат кај нас за приоритетен упат од матичен лекар за предметната област.
Молам што поскоро да се решат овие проблеми со приоритетните упати и особено да се најде решение за пациетните кои што имаат потреба за промена на катетер.
Колегијален поздрав.




