Среќна Нова 2014! Viti i Ri 2014!

Почитувани колеги,

Помина уште една цела година во која сите работевме макотрпно,направивме голем број на прегледи,поставивме голем број на дијагнози,го превениравме нашиот народ. Се усогласувавме со закони ,организиравме работилници со Фонд и Министерство за здравство.Реагиравме како ЗПЛРМ на многу нешта –она што е добро за приватниот сектор-го поздравуваме ,но она што е бариера за нашиот напредок –нормално го критикувавме или испраќавме иницијативи за промена на некои закони или членови од закони.Се во интерес да имаме задоволни доктори и задоволен медицински персонал,да немаме напуштање на вработени или од работници да не правиме неработници.

Нашата визија е да приватниот сектор кој работи во договор со ФЗОМ станува се појак,да се групира и со тоа да направиме приватно здравство во кое ќе може и приватен доктор да отиде на подолготрајно боловање ,а фирмата да може да опстои финансиски ,да можат да се плаќаат сите трошкови кои ги има ПЗУ –то.Да може секој кој има потреба за краткотрајни или долготрајни замени да може да си најде ВРЕМЕН ДОКТОР или PART TIME DOCTOR.Имаме потреба се да гласи на ПЗУ,пациенти, лиценца за работа во мрежа.

Со нашата упорност како ЗПЛРМ успеавме да се врати исплатата на капитацијата 100 %.Но благодарение и на големото разбирање на Директорката Маја Парнарџиева Змејкова и нејзиниот тим-која неуморно се труди да ги разбере проблемите на приватниот сектор и чии врати се секогаш отворени за конструктивен дијалог.Имавме барање за централна база на пациенти,веб портали,Е- дневници,Е- договори,повеќе годишни договори-и сето тоа ни се реализира со новите договори за 2014 година со ФЗОМ.

Само со упорност , единство и конструктивни предлози можеме да постигнеме се што сакаме.
Ви посакувам на сите добро здравје и успешна работа во Новата 2014 Година!

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари