Инфо билтен бр.37

Почитувани колеги,

На следниот линк можете да го превземете Инфо билтенот бр.37

Инфо билтен бр.37

Коментари (1)

 

  1. vanco.georgiev напиша:

    Се надевам дека навреме ќе бидеме контактирани за обуките кои ФЗО ги спрема околу електронско потпишување договори за 2014 г., Инаку проектот за веб портал на ФЗО и сите негови алатки е за поздрав и со тоа значително ни се олеснува работата нас лекарите. Се надевам дека во иднина неговите можности ќе пораснат па дури и праќањето на месечни пресметки во ФЗО би можеле да го вршиме по електронски пат.
    Имам забелешка околу дистрибуцијата на електронските картички. Имено во 2011 година ние матичните лекари на наша добра волја се сложивме да поднесеме барања за пензионерите за ЕЗК. Истото најпедантно го сторивме. Јас како матичен лекар имам список на сите пензионери за кои имам поднесено барање и барав лицето од ФЗО кое ги пртими барањата да ми се потпише на списокот дека за тие пациенти се предадени барања. Вработеното лице во ФЗО ми се потпиша на списоците и се се заврши. Сега по речиси 2 и пол години за голем број од истите тие пензионери за кои јас лично поднесов барања во ФЗО им јавуваат дека за нив матичниот лекар не поднел барања. Пензионерите фрустрирани од ситуацијата доаѓаат во ординација со обвинување кон мене и истите се чувствуваат изиграни од моја страна. Кога ќе им ги покажам списоците и потписот од лицето од ФЗО на нив истите бараат од мене јас да им ја терам правдината во ФЗО што воопшто не е моја обврска и работа. Слични случаи има и кај други мои колеги. Мислам дека време е ФЗО да си ја признае грешката дека за многу пензионери ги има изгубено поднесените барања а не да ја префрла вината кај нас лекарите и наместо да не обвинуваат нас лекарите да се потрудат на тие пензионери кои веќе дошле на нивните шалтери да им пополнат ново барање.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари