Прес од МЗ

Почитувани претставници на медиуми,

Живееме во време на развиени компјутерски технологии чие присуство во сите
области на животот значително го подобруваат неговиот квалитет. Следејќи ги
светските трендови, Министерството за здравство го воведе системот за
електронски евиденции во здравството и електронското упатување – Мој Термин.

Со негово користење се унапредува квалитетот на пружање на здравствени
услуги од страна на Јавните здравствени установи и се намалува времето на
чекање до пружање на здравствената услуга.

Мој Термин редовно го надградуваме со нови функционалности. Денес ми е
посебна чест да ја најавам новата функционалност на системот – проектот за
СМС известување на пациентите за нивниот закажан термин за преглед.
Министерството за Здравство има склучено договори за испраќање СМС пораки со
сите мобилни оператори во Р.Македонија.

Два дена пред закажаниот термин за преглед Министерството за Здравство ќе
испраќа смс пораки до пациентите со детали за прегледот. Во најдобар интерес
на пациентите е сите да имаат оставени точни мобилни телефонски броеви за
контакт, за навремено и уредно да бидат известени за нивниот преглед, како и
да бидат информирани доколку има промена во нивниот термин.

Испраќачот на пораките е МојТермин, а содржината на пораката ќе биде на
пример: Pocituvan/a, Ve izvestuvame deka na den 04.12.2013 vo 14:30 imate
zakazano pregled na Ortopedija.Ve molime pocituvajte go zakazaniot termin

Првите тест СМС пораки беа испратени на 01.12.2013.

Пациентите, доколку не се во можност да се појават на закажаниот преглед,
упатот можат да го откажат на два начини:

• Од страна на избраниот матичен лекар на пациентот

• И во иднина со испраќање на СМС порака на бројот 144 194 со содржина:
Вашиот број на упат (пр. XYZ123)

Деталните упатства за откажување на термин ќе бидат наведени на секој упатен
образец, а Министерството подготвува и информативни брошури за сите пациенти
и здравствени работници.

Со навремено откажување на прегледот придонесувате терминот да биде
искористен за преглед на друг пациент и воедно за намалување на Листата на
чекање во самата здравствена установа.

Само доколку работиме заедно ќе успееме да ја постигнеме нашата заедничка
цел, а тоа е квалитетна и навремена здравствена услуга за сите.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари