Известување за обуки организирани од ФЗОМ за електронски договори со здравствени установи во Република Македонија
Фондот за здравствено осигурување на Македонија од четврток, 28.11.2013 година ќе организира обуки за електронско потпишување на договори и регистрација на web порталот низ сите 30 подрачните служби во Република Македонија, или во други простории во кои има услови за тоа.
Фондот упатува апел до сите овластени лица на здравствени установи, правни лица за помасовно учество со цел е-договорите со здравствените установи да бидат потпишани електронски до 01.01.2014 година.
Распоред:
Велес – 28.11.2013 четврток со почеток во 10.30 часот во просториите на Општина Велес
Прилеп – 29.11.2013 петок со почеток во 11 часот во просториите на Библиотеката
Кавадарци – 29.11.2013, петок со почеток во 10.30 часот во просториите на Општина Кавадарци
Неготино – 29.11.2013, петок со почеток во 15.00 часот во просториите на Општина Неготино
За деталите, распоредот по групи и точниот термин за секој град ќе бидете детално информирани од раководителите на подрачната служба на Фондот за соодветниот град.




