Проблеми во РМ во примарно здравство лоцирани од ЗПЛРМ

1. Веќе имаме случај каде сопственикот на амбуланта во една година примил на два пати втор доктор. Бил вработен еден доктор на три месеци па си заминал, друг млад доктор на три месеци и тој си заминал. Проблемот е што во една година може два пати да се промени доктор. Сега и сопственичката на ПЗУ-то од Куманово и пациентите немаат право трет пат да се изјаснат.Софтверскиот систем не го дозволува тоа.

Решение на ваквиот проблем кој во иднина се почесто ќе се јавува е сите пациенти да се на ПЗУ. Значи приватниот примарен сектор бара промена на закон.Се да гласи на ПЗУ.
Со тоа нема да правиме постојано пријави/одјави на пациенти при вработување на нови доктори. На тој што не му се допаѓа услугата во тоа ПЗУ може да се одјави.

И на крај прашуваме – дали при повторно вработување на нов млад доктор веднаш ќе се појават сите пациенти кои претходно биле запишани на претходниот второвработен доктор. Одговорот е НЕ.

Значи сопственикот на амбулантата ќе има постојани издатоци, а нема да има доволно средства за да ги покрие.Затоа велиме пациентите треба да бидат на ПЗУ.

Друг аргумент – во едно ПЗУ ако работат со замената доктор – наизменично ги прегледуваат.Важно е во тоа ПЗУ секогаш да се добива квалитетна услуга.

За овој проблем ЗПЛРМ вели да е приоритетен и писмено ќе се обрати со Барање до Министерство за здравство.

2. Во РМ во моментов има 125 педијатри на примарно ниво. До 2020 година во примарно здравство ќе останат само 13 педијатри. Но, недостасуваат и специјалисти по очни болести, ОРЛ, Уролози.

Решение – Министерството за здравство да стимулира дел од постоечките општи лекари низ Македонија да отидат на специјализација.

Бенефити-ќе се намали бројот на матични доктори,а тие што ќе останат како матични доктори ќе им се зголеми бројот на матични пациенти.

Во секој град ќе се искреираат соодветни нови специјализанти кои за неколку години ќе бидат специјалисти. И пациентите нема повеќе за промена на катетер да одат во друг град, за операција на катаракта сите да одат во Скопје, за кожни болести на Клиника.

За ова се потребни субвенции во здравството.

3. Ако некој отиде на породилно или сака да специјализира-многу тешко се наоѓа невработен општ доктор.

Решение-Иднината е во групирањето на ПЗУ-ата. Креирање на мноштво мали пунктови низ РМ кои ќе пружаат 24 часовна услуга

4. Ако некој доктор е сам во својата ординација или е доктор на село-кога се разболува или оди на одмор-тогаш сите пациенти од селото треба да одат во друго село или пациентите од едната амбуланта да одат на другиот крај на градот каде е замената.

Решение кое го нуди ЗПЛРМ
Дали не е време да се променат некои нешта и да се воведе термин Времен Доктор.Има во други држави.Значи секој да си повика колега, да дојде во неговата амбуланта, одработи-за да пациентите не се шетаат.Да му плати за работата,да се плати персонален данок на тоа и се да си биде легално.

Ова се моменти кои се лоцирани од терен. Се надеваме дека здавствените власти ќе ги земат во предвид.

Со почит
Претсеадтел на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари