Состанок со докторите од Ново Село – Струмица
Почитувани колеги,
На ден 22.11.2013 година Претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова одржа состанок со докторите од Ново село Струмичко и со помош на координаторот Др Елица Станишлевиќ се направи договор овие матични лекари да дежураат уште 30 дена, но со паричен надомест од 800 денари по дежурство. Ова е задолжен да го плати Здравствениот дом од Струмица.Овој договор се склучи со помош и медијација на Г-дин Бранко Аџигогов-советник на Директорката Маја Парнарџиева Змејкова.Со ова уште еднаш потврдуваме дека ЗПЛРМ и ФЗОМ се вистински партнери кои проблематичните моменти ги надминуваат со џентлеменски договор и на задоволство на двете страни.
Со почит
Др Лилија Чолакова Дервишова




