Известување за осигуреници над 18 години

Почитувани колеги,

Од базата на ФЗОМ сите осигуреници кои се над 18 годишна возраст и сите студенти кои што не донесле потврди за школување на ден 31.10.2013 се избришани од евиденција.

Бришењето настапува согласно законот, бидејќи сите осигуреници кои се на возраст над 18 години доколку не се школуваат немаат право на здравствено осигурување на товар на осигурувањето на родителите и треба да регулираат лично осигурување.

Оваа состојба ги засега докторите бидејќи губат еден дел од осигуренците. Над 50% осигуреници веќе имаат ЕЗК и доколку се здрави не прават ништо се додека немаат некој здравствен проблем (порано, и родителот немаше да добие сини картони, па така дознаваа за пропустот и брзаа да го отклонат).

За да не биде така и да не се губат овие осигуреници, потребно е зголемено внимание од Ваша страна (сестрите) да ги проверат сите осигуреници на оваа возраст и да реагираат за да донесат потврди. На тој начин, осигурениците ќе добијат континуитет во осигурувањето, а докторите нема да имаат намалување на капитацијата.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари