Молба до ЗПЛРМ од Хемофарм АД Скопје

Почитувани од ЗПЛРМ

Ви благодарам на денешниот состанок и се надевам дека во иднина ќе ја прошириме нашата соработка уште повеќе.

Што се однесува до нашиот проблем кој како Хемофарм АД претставништво го имаме, Ве молиме ако е можно да проверите дали производот по INN Diclofenac 75 mg таблети со модифицирано ослободување (tbl.mod) – Rapten Duo 30×75 mg се наоѓа во софтверските програми со листите на лекови кои ги применуваат ПЗУ-ата при креирање на е-рецепт.

Проблемот е увиден на терен во Р. Македонија, односно во одредени ПЗУ-а, самиот софтвер при креирање на е-рецепт го нема обликот tbl.mod и на листа излегува само облик капсула.

Ве молиме да ни излезете во пресрет за решавање на овој проблем со програмерските куќи со кои Вие како ЗПЛРМ соработувате.

Препаратот во моментот е единствен со таква дозажна форма и би сакале истиот непречено да се препишува од Ваша страна во интерес на пациентите.

Во очекување на Вашиот одговор, Ве поздравуваме.

Славица Тодоровска
Хемофарм АД Претставништво Скопје

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари