Злоупотреба на придобивките од веб порталот на ФЗОМ

Почитувани колеги и здравствени соработници,

На ден 04.10.2013 година се одржа состанок помеѓу координаторите на ЗПЛРМ и раководителот на Подрачна единица на Фондот од Скопје.

Тема-Злоупотреба на придобивките од ВЕБ ПОРТАЛОТ

Мал вовед:

Пред неколку месеци ЗПЛРМ достави барање до ФЗОМ да можеме да имаме пристап до нашата база на податоци со пациенти.ФЗОМ ни го овозможи тоа.

Баравме да можеме да си ги пријавуваме новите пациенти ВЕДНАШ кога ќе дојдат во нашите ординации-ФЗОМ ни го овозможи и тоа.Сега новиот пациент станува ВАШ во истиот момент и тоа може секој матичен доктор да си го провери со помош на ВЕБ порталот.

Но некои колеги дали од незнаење ,дали од алчност да имаат два или повеќе пациенти-си пријавиле нови пациенти кај нив ,кои реално не дошле . Оваа појава е пријавена во контрола на Фондот.

Почитувани колеги-Дали вреди да си замерите со колега за два или три пациенти? Одговорот е НЕ.

Почитувани колеги – Дали мислите да ќе се збогати една ординација со лажно пријавување на два или три пациента/Одговорот е Не.

Почитувани колеги-Дали вреди да се изгубат одредени придобивки кои сме ги барале како ЗПЛРМ со години и сега сме ги добиле со овој лидерски тим на ФЗОМ? Одговорот е НЕ.

Би сакала да Ве известам да злоупотреба на ИЛ образец-во нашиот договор кој секој доктор го потпишува со Фондот – е РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР.

Уште еднаш апелирам до сите колеги,намојте да ја злоупотребувате оваа придобивка.

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари