Комората дел од проектот “Донорска картичка”
Лекарската комора на Македонија се вклучи во Проектот – Донорска картичка за подигнување на јавната свест на населението за донирање на органи и спроведување на кампања за едукација преку матичните лекари во Република Македонија. Одлуката за партиципација во овој проект ја донесе Извршниот одбор на Комората, а со него се предвивдени низа активности ( изработка на донорска картичка, постери, пропаганден материјал-флаери и друг едукативен материјал кој ќе биде дистрибуиран до населението преку матичните лекари) за промоција на трансплантацијата, подигање на јавната свест кај населението и кај здравствените работници за донирањето на органи, како и промоција на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Во реализација на прокетот покрај ЛКМ учествуваат и Здружение за Нефролози при МЛД, Клиника за детски болести Скопје, Мактрансплант, Фондација за трансплантација и други асоцијација и здруженија.




