Доставување на тековна состојба до ФЗОМ
Почитувани колеги,
Заради потребата за влез во Мрежата на здравствени установи, ФЗОМ побара сите ПЗУ да достават тековна состојба во Подрацната служба. Оние ПЗУ од Скопје, кои досега не го сториле тоа, веднаш, а најдоцна до 12.09.2013г, до 12 часот да достават тековна состојба во Републички Фонд за здравствено осигурување кај Цветанка Ампова или скенирана (фотографирана) да ја пратат на е-маил cvetankaa@fzo.org.mk, за да бидат внесени во Мрежата на здравствени установи.
Ве молиме за да нема проблеми, секое ПЗУ веднаш да достави тековна состојба.
Коментари2 коментари





Pocituvan kolega,
Site koi dostavile tekovni sostojbi prethodno nema potreba povtorno da go pravat toa. Ova e potsetuvanje za nekoj kolega ako zaboravil ili ne bil vo moznost togas da go napravi.
A za kartickite – toa sto e podeleno do sega kaj maticni, treba da se podeli, a potoa Fondot si ja zema obvrskata za taa aktivnost.
So pocit
Најдоцна до 12.09.2013 год.? Кој ќе задоцни нема да влезе во мрежата. Ви се молам. Во ФЗО одиме секој месец за достава на пресметки, а мене барем (за другите колеги не знам) никој од таму ми нема спомнато за било каква тековна состојба. Знам само дека на почетокот на годината на ФЗО веќе еднаш му требаше тековна состојба и сега не знам дали се работи за оние ПЗУ кои тогаш не доставиле тековна состојба или пак ова е ново барање од ФЗО. Ако е ново барање тогаш зошто на време не сме известени за тоа туку буквално во 5 до 12 часот? За тековна состојба сепак постои одредена процедура за која треба време и мислам дека не е во ред така кампањски да се пренесува информацијата до лекарите последните 2 дена пред крајниот рок. Крајно несериозно и непрофесионално. И уште една забелешка до ФЗО. Овојпат околу распределбата на ЕЗК преку лекарите. Последниве денови службени лица од ФЗО им се јавуваат на лекарите да дојдат во просториите на ФЗО со факсимили за да подигнат ЕЗК за „своите„ пациенти. И така сега лекарите во улога на државни службеници мора истиот или наредниот ден (така им налага ФЗО) да излезат од работа затоа што ФЗО работи до 3 часот со странки и да се возат до ФЗО да платат за паркинзи и на крај да подигнат околу 20 тина картички за своите пациенти. Никој не го интересира за тоа кои ги плаќа патните трошоци на лекарот (мене едно одење во ФЗО ме чини 300 денари) и како се одразува неговото отсуство од работното место. Максималнба деградација на лекарите и нивно претварање во курири.