Известување од ПЗУ „Анима“ – Скопје
Почитувани колеги матични докори,
Ве известуваме дека во моментот кога креирате термин за Вашите пациенти за психијатриска ординација „Анима“, се појавуваат две ординации со истиот назив. На едната, т.е. нашата, стои и ознаката Скопје. Значи, ПЗУ „Анима“ – Скопје е ординација на Д-р Жанет Карагочева, спец. психијатар со седиште на улица „11 Октомври“ 16/5 во Скопје. Другата ординација која го носи истиот назив и необично, но сепак е со истата дејност, се наоѓа во Куманово и е ординација на Д-р Мицко Дудучки, спец. психијатар.
Бидејќи деновиве неколку пациенти добија креирани термини и електронски упати за погрешни ординации, Ве молам имајте го во предвид ова објаснување. Се надевам дека колегата од Куманово наскоро, до називот на неговата ординација ќе додаде и местоположба на истата, со што веднаш ќе се разликуваат двете ординации.
Благодарам на соработката.
Со почит,
Д-р Жанета Карагочева – Продановска,
спец. психијатар
ПЗУ „Анима“ – Скопје




