Известување ЕЗБО
Почитувани,
По добиени сознанија дека наши осигуреници имаат проблеми со остварување на нивното законско право за подигање на лек на рецепт на товар на ФЗОМ во аптеките заради нецелосна имплементација на ЕЗБО броевите од страна на лекарите во ординациите од примарната здравствена заштита кои имаат договор со ФЗОМ, Ве информираме дека известувањето со бр.14-11609/1 од 22.08.2013 година кое се однесува на аптеките и кое е во прилог на оваа порака потребно е да се проследи до сите ПЗУ аптеки на територијата на вашата ПС.
Имено, ова известување се однесува на тоа дека доколку на рецептниот образец пропишан за осигуреник на ФЗОМ кој има Електронска здравствена картичка (ЕЗК), а на рецептот не е пополнет ЕЗБО бројот од картичката, осигуреното лице да не се враќа за корекција на рецептот кај лекарот. Во таква ситуација во аптеката ЕЗБО бројот да се допише на рака на рецептот. Таквите рецепти ќе бидат прифатени од ФЗОМ.




