При креирање на електронски упат мора да се наведе и телефонски број

Почитувани колеги,

Прима Медика уште пред неколку дена си ги извести своите корисници дека при издавање или креирање на електронски упат мора да се пише и телефонски број, фиксен или мобилен. Во спротивност не може да се искреира Е упат.

Оваа промена е направена бидејќи имаше проблем пациенти закажани кај одредени специјалисти да отидат и да не ги најдат и повраток на средства за патување потоа бараа од матичните доктори. За да се искорегира оваа работа, неопходно е да во опцијата Мој термин постои контакт телефон преку кој болницата ако направи измена на работниот ден на специјалистот да ги исконтактира пациентите.

Оние кои денес не направиле конфигурирање нека го направат. Оние ПЗУ кои го користат софтверот на Ка Софт, во фајлот Осигуреници, во прозорчето мобилен телефон (на лева страна под полето град) нека го внесат задолжително телефонот на пациентот само со девет цифри, без цртички или празни места, за да можат да му закажат термин за специјалист.

Ако мобилниот телефон недостасува не е можно закажување, бидејќи од нашиот софтвер се превзема телефонот на пациентот за евентуално специјалистот да го контактира пациентот.

На следниот линк можете да го превземете фајлот со специјалисти во Наум Охридски – општа хирургија кои работат во субспецијалистички амбуланти.

Наум Охридски – доктори

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари