Маја Парнарџиева Змејкова се враќа директор на Фондот за здравство

Маја Парнарџиева Змејкова се враќа на директорското место во Фондот за здравствено осигурување. Според информации на zdravstvo24 таа на оваа функција била назначена на синоќешната владина седница. М-р Парнарџиева Змејова со здравствената каса ќе почне да раководи најверојатно од понеделник. Таа по нејзино барање поради породилно отсуство беше разрешена пред околу 9 месеци. На нејзино место овој период со Фондот раководеше Јован Грповски кој дојде од кабинетот на министерот за здравство. По заминувањето на Парнарџиева Змејкова од ФЗОМ имаше шпекулации дека после породилното ќе работи на Економскиот факултет. Инаку во периодот додека таа беше директор на Фондот успеа да воспостави добра соработка речиси со сите здруженија на пациенти, а во нејзино време оваа институција спроведе и крупни реформи.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари