Итните случаи и контролите без закажување кај специјалист

ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕРМИНИ ЗА ПРЕГЛЕД ВО „МОЈ ТЕРМИН“

Пациентите што се итни случаи и оние што одат на контрола кај специјалист нема потреба да ги закажуваат прегледите во болниците и на клиниките, а се обезбедува и дополнителен број слободни термини за прием на пациентите. Ова се новините во моделот на закажување „Мој термин“, што вчера ги најавија од Министерството за здравство.

– За итните случаи нема потреба од закажување – тие веднаш се згрижуваат во соодветната здравствена установа. А во моментот кога се евидентира итен случај, системот автоматски генерира електронски упат за пациентот во терминот кога ја посетил здравствената установа. Па пациентот нема потреба дополнително да го посети својот матичен лекар и не треба ретроградно да се креира електронски упат. Новина има и за контролата – таа си ја закажува самиот специјалист и пациентот нема потреба дополнително да го посети матичниот лекар за повторно да закаже термин – изјави Милан Аризанкоски, одговорен за електронскиот здравствен систем „Мој термин“.

Тој објаснува дека системот е во функција во Струмица, Богданци, Демир Kапија, Штип, Пробиштип, Kочани, Берово, Делчево, Радовиш…, а причина за проблемите во функционирањето на системот што се појавија на 1 јули било преоптоварување на серверите.

Министерството дополнително ќе ги извести граѓаните за официјализирање на системот.

Дополнителни термини за прием на пациенти за преглед и за дијагностички процедури се креирани и во поликлиниките, болниците и на клиниките.

– Бројот на креираните термини на секундарно ниво пред десет дена изнесувал 226.422 термини за јули и 103.996 за август, а со проширувањето, за јули нивниот број достигна 240.000, а за август се обезбедени 140.000 слободни термини. Бројот на креирани слободни термини на клиниките е зголемен за 20 отсто или за нови 6.000 термини. Најмногу пациенти се упатуваат во интернистичките амбуланти, ортопедските, урологија и во очните амбуланти. Во однос на рецептите, најмногу се користат лекови за висок притисок. Првите три лека се тие, а четвртиот е „дијазепам“ – додаде Аризанкоски. (Љ.Б.)

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари