Проблеми со Проектот Е рецепт
Почитувани,
Понеделник, 1ви Јули и проблеми уште на старт. Претпоставувам нема да бидам единствена што ќе се пожали. Користиме софтвер од Капитација Ка Софт и едноставно е невозможно да напишеме рецепт. Се е во ред до моментот кога ќе се кликне прати ги сите рецепти и нема повратна информација дека е успешно, со што рецептот не добива соодветен број и не може да се издаде. Цело сабајле е така, а истото се случува и во аптеката во близина. Пациентите се незадоволни и повторно матичниот лекар е виновен. Заради летниот период доаѓаат пациенти кои бараат терапијата да им се издаде за 2 или 3 месеци, гужвите и незадоволството се зголемуваат.
Не е во ред на овој начин да се спроведуваат новини. Контролите кои беа минатата недела, а и од самите аптеки нагласија дека ќе мора рецептите да се издаваат на ваков начин, инаку нема да им дадат терапија на пациентите и згора на се ќе следи казна доколку издадеме рецепт по старо.
Ви посакувам пријатна недела.
Д-р Светлана, ПЗУ ЕХО – ВИТА
Почитувани,
веќе на првиот ден се виде спремноста на системот да ги прими нашите потреби барања и “неработење”. Неспремен систем со паѓање на сервери во Министерството за здравство, виновни излеговме пак НИЕ, демек не сме знаеле да се снајдеме со новата технологија. Минатата недела три пати доаѓаа т.н. контроли од Министерството и на сите им беше предочено дека системот не функционира, а од нивна страна беше кажано дека системот е без грешка и дека почетокот е тежок. Денес се случи дебакал од нивна страна, ама пациентите не ги интересира сервер, тие си бар ат рецепти. На состанокот во Медицински факултет, каде имаше претставници од МЗ, кои патем подржуваа една апликација за работа за сметка на другите што во најмала рака е РЕКЕТ (мс), им беше кажано дека не сме спремни за оваа промена зошто ЈЗУ се неспремни, а не е приватното здравство, особено примарното. Ве молам да се лобира МЗ да ги надгради серверите или да работиме по старо додека не се комплетира системот.
Д-р Иванов, Скопје




