Електронските рецепти не профункционираа
Проблемот бил софтверски и се решава – велат надлежните.

Дел од граѓаните денеска не можеа да ги подигнат лековите, од како стартуваше новиот систем за издавање на лекови по електронски пат без хартиени рецепти.
„Па, треба пак да се вратам кај докторката, навистина не знам што да правам“, објаснуваат пациентите.
Проблеми со системот имаат и матичините лекари. Објаснуваат дека не можеле да се поврзат со системот.
„Проблемот е со софтверот на компаниите денеска никој не можеше да функционира, ниту лекарите, ниту аптеките. За жал пациентите останаа без лекови“, вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседател на Здружение на матични лекари.
Од министерството за здравство и фондот на терен ги поправаат грешките. Со новиот систем пациентот за да ја подигне терапијата во аптека, не мора да има електронска здравствена картичка. Потребно е само да го каже матичниот број или бројот на здравственото осигурување што го има во здравствената легитимација.




