ТРИ ИЛЈАДИ ВЕЛЕШАНИ ОСТАНАА БЕЗ МАТИЧЕН ЛЕКАР

Три илјади пациенти од Велес треба да си бараат нов матичен лекар бидејќи нивниот заминува во пензија, а приватната амбуланта треба да се затвори. Еден од првите лекари во градот вели дека има кој да го продолжи неговиот семеен бизнис во кој вложувал речиси две децении, но со новите измени на законот за здравствена заштита тоа не е дозволено. Поради ова без работа останува и неговата ќерка која е докторка во амбулантата и двете сестри штo работат таму.

Токму оваа одредба од законот веќе ја критикуваа од Здружението на приватни лекари на Македонија. Велат дека државата не смее да се меша во приватните фирми што е и со Устав загарантирано право, но со измените на законот токму тоа се случува бидејќи по заминување во пензија лекарот не смее да ја остави во наследство фирмата туку мора да ја затвори. Велат дека Мемедалиев е само еден од примерите за жртва на овој неуставен закон. Од здравствените институции пак велат дека ќе се распише конкурс за испразнетата амбуланта, а на него може да конкурира и докторката која ќе остане без работа. Но законот не и дава предност пред останатите заинтересирани лекари вели Мемедалиев.

Министерството ги правдаше новите измени на законот во делот на приватното здравство како мерка против создавање фамилијарни империи во здравствениот систем. Засегнатите лекари пак велат дека сепак се работи за лична работа која државата нема право на ваков начин да ја контролира.

Коментари (1)

 

  1. Marjanco Ivanov напиша:

    Почитувани,
    веќе на првиот ден се виде спремноста на системот да ги прими нашите потреби барања и “неработење”. Неспремен систем со паѓање на сервери во Министерството за здравство, виновни излеговме пак НИЕ, демек не сме знаеле да се снајдеме со новата технологија. Минатата недела три пати доаѓаа т.н. контроли од Министерството и на сите им беше предочено дека системот не функционира, а од нивна страна беше кажано дека системот е без грешка и дека почетокот е тежок. Денес се случи дебакал од нивна страна, ама пациентите не ги интересира сервер, тие си бараат рецепти. На состанокот во Медицински факултет, каде имаше претставници од МЗ, кои патем подржуваа една апликација за работа за сметка на другите што во најмала рака е РЕКЕТ (мс), им беше кажано дека не сме спремни за оваа промена зошто ЈЗУ се неспремни, а не е приватното здравство, особено примарното. Ве молам да се лобира МЗ да ги надгради серверите или да работиме по старо додека не се комплетира системот.
    Д-р Иванов, Скопје

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари