Нема итност ниту за болните од рак

Ако до неодамна на печатените упати што им ги даваа наведуваа дека се работи за итен случај, сега кога ќе закажуваат преку електронскиот систем, итноста не можат да ја наведат во него. Така, доколку им закажат регуларно, оние што можеби имаат канцер за прегледи може да чекаат со месеци

Секое чекање значи пократко живеење

Лекарите предупредуваат на аномалии при електронското закажување

Матичните лекари и специјалистите не знаат како да преупатуваат пациенти кај кои постои сомневање за рак со новиот систем на закажување, кој задолжително ќе се применува од понеделник. Ако до неодамна на печатените упати што им ги даваа наведуваа дека се работи за итен случај, сега кога ќе закажуваат преку електронскиот систем, итноста не можат да ја наведат во него. Така, доколку им закажат регуларно, оние што можеби имаат канцер, за прегледи може да чекаат со месеци. Кога станува збор за рак, секој ден порано откриена дијагноза е подобра за лекувањето и преживувањето.

Со новиот систем, наместо пациентите сами да одат во установата и да добијат термин за лекување, тоа за нив ќе го прават лекарите во посебен програм преку Интернет.

– Навистина не знам како да постапам кога ќе ми дојде пациент со, на пример крвавење, и е сомнителен за промената на дебелото црево, или, пак, жена со грутче на градата. Дали и овие болни треба да ги сметаме за итни случаи, па да ги праќаме на испитување само со испечатен упат, или тие ќе чекаат за редовно закажување – прашува матичен лекар.
Д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари вели дека во електронскиот систем немаат опција „итно“.

– Матичните лекари бараат во системот да постои таков термин во електронскиот упат, за да можат да закажат термин кај лекар во зависност од патологијата. Налето има дефицит од лекари. Ние не бараме итно да се закажува кај конкретни лекари туку на одделенија. На пример, за секое одделение да има опција за итни пациенти, тогаш не се избира лекар туку се бара брза услуга. Времето е многу важно кај пациенти со малигни заболувања или со малигнитети, кога состојбата никогаш не може да чека и секогаш може да се појават метастази. Замолуваме брзо да се проследуваат. Секое чекање значи пократко живеење – вели д-р Чолакова-Дервишова.

Лекарите, меѓу другото, бараат и контролните прегледи да ги закажува самиот специјалист, а не матичниот лекар. Нив не им е јасно како ќе се закажува за оние пациенти што задолжително секој месец во некоја од установите примаат континуирана терапија или специјален третман (на пример, на онкологија, неврологија, трансфузиологија, психијатрија). Или, пак што ќе биде со однапред издадените рецепти за хронична терапија за два или три месеци кои веќе се пропишани од матичните лекари по стариот начин.
Од Министерството за здравство велат дека се разгледуваат можностите како што се оставени слободни термини за закажување на контролни прегледи така да се закажува и за сомнителни или за болни од канцер.

-Тоа би значело приоритет за тие пациенти. Тие промени се прават брзо и лесно, за сите да сме задоволни како функционира системот. Свесни сме за забелешките. Напоменуваме дека ова е револуционерна реформа во македонското здравство, која ќе донесе бенефиција за пациентите, ќе ги намали метежите, ќе се направи ред и за пациентите и за лекарите – велат од Министерството за здравство.

Автор: Наташа Бошковска-Златкова

Фотографија: Маја Јаневска-Илиева

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари