Известување од ФЗОМ до лекарите од примарна здравствена заштита
Од:Фонд за здравствено осигурување на Македонија
До:Лекарите од примарна здравствена заштита
Дата:27.06.2013
Предмет:Известување
ФЗОМ ги известува избраните лекари од примарна здравствена заштита дека при користењето Мој термин задолжително да обрнат внимание во делот на забелешки. Имено во тој дел постои забелешка доколку некој лекар од технички причини е привремено прераспределен на работа во друга здравствена установа,.
Во делот на забелешки е нотирано каде и за кој период лекарот специјалист е прераспределен. Особено внимание да се обрне при закажувањето кај лекарите специјалисти во Здравствен дом – Скопје.
Истотака Ве известуваме дека при закажувањето користејќи го мој термин доколку има прераспределување на лекарот специјалист задолжително да биде известен пациентот во која здравствена установа и кој временски период да го направи прегледот кај лекарот специјалист.
Со почит;
Фонд за здравствено осигурување на Македонија




