Мислење на комисијата за секундарно здравство при ЛКМ за листа на услуги

Министерството за здравство побара од ЛКМ да се произнесат кои дијагностички методи можат да се работат на ниво на примарна, секундарна и терцијарна дејност.

Подолу е заклучокот од Комисијата за секундарно здравство

ПОСЛЕ ОПСЕЖНОТО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ДАДЕНИТЕ УСЛУГИ ОД ВАША СТРАНА СЕ ЗАБЕЛЕЖА НЕШТО МНОГУ СИМПТОМАТИЧНО И МНОГУ ЕВИДЕНТНО.ПРАВИТЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ ОДНОС НА СИТЕ ДРУГИ СПЕЦИЈАЛНОСТИ ВО ОДНОС НА ИНТЕРНА МЕДИЦИНА.СЕ ОДНЕСУВА НА СЕРТИФИЦИРАЊЕТО ВО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА ЗА МЕТОДИ КОИ СЕ ВО ПРОГРАМ НА СПЕЦИЈАЛНОСТА И ЈА ДАВААТ АДЕКВАТНО СТРУЧНОСТА . ДОДЕКА КАЈ НИЕДНА ДРУГА СПЕЦИЈАЛНОСТ ТАКВО НЕШТО НЕМА.ЗАКЛУЧОКОТ НА КОМИСИЈАТА Е ДЕКА СО ИНФОРМАЦИИТЕ НЕШТО НЕ Е ВО РЕД. КОМИСИЈАТА ЗА СКЗЗ ЈА ДОНЕСЕ СЛЕДНАТА ОДЛУКА :

Точка 10 опфаќа ехо на внатрешни органи , ехо на срце и тироидна жлезда.Самата програма на специјализацијата има во себе предвидено практично и теоретско оспособување за овие методи.Оваа обука се врши на гастроентерохепатологија на кардиологија и на ендокринологија и нуклеарна медицина и патофизиологија

Точка 4 исто така теоретско и практично оспособување на специјализантите се прави на клиника за кардиологија во целина.

Точка 5 – Доплер ултразвук на крвни садови е метода која ја совладуваме на клиника за кардиологија во ангиолошкиот дел и како таква е присутна во програмата.

Точка 11 – остеопорозата , нејзиниот третман и дензитометрија се работат на клиника за ендокринологија и таму се обучуваат специјализантите за користење на дензитометарот.

Точка 15 се однесува на спирометрија.За периодот од турнусот на пумологија и алергологија основно е читањето и разбирањето на спирометриските наоди на самите пациенти, бидејќи на тој начин се гледа нивното правилно или неправилно лекување.Ова е основа на пумологија и алергологија.

Точка 16 – Гасанализи и оксиметрија се преклопуваат со точка 15.

Специјализант по интерна медицина неможе да добие диплома ако овие нешта не ги совлада во целина.Со самото полагање на турнусите и на крајот специјалистичкиот испит му овозможуваат на специјализантот односно веќе специјалистот да ги владее овие вештини.

Во точката 8 да се прецизира дека се работи за прирачен гликомер со тест траки.

Точка 14 да се исфрли бидејќи тоа е состојба со која што се занимаваат лабараториите.

Точка 20 да се исфрли , коментар исти како за точка 14

За точка 13- мислиме дека обуката се спроведува на медицински факултет.

Ехо на мускулоскелетен систем ја работат интернистите во склоп на доплерот кога трансфузиолозите ни испракаат за сомненија за тромбози.

По прашање на сите други методи кои што ги гледавме за другите специјалности како што се компјутерска томографија , магнетна резонанца и др.ставени во неврологијата за да се изведуваат се всушност радиолошки методи не ние немаме ништо против тоа.Или доплер на крвни садови во неврологија без сертификат а во интерна која е носител на методата има.И низ други моменти каде никаде не се бра сертификат А ВО ИНТЕРНА ДА ?????

ЗАКЛУЧОК : Сертифицирањето за методи во интерна медицина кои се во програмата на самата специјалност а во исто време самите специјалисти во текот на своето работење се континуирано обучуваат и остручуваат се повеќе и повеќе , не е ниту морално , ниту етички , ниту правно исправно.ОВИЕ КОЛЕГИ РАБОТАТ ВЕКЕ ДОЛГИ ГОДИНИ И НА ИСТИТЕ ПОЧИВА СИСТЕМОТ.ЗНАЧИ ДЕКА ТИЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ЕДУКАТОРИ А НЕ ЕДУЦИРАНИ.СЕРТИФИЦИРАЊЕ ДА ЗА МЕТОДИ ОД ТИП НА : КОРОНАРОГРАФИЈА , СТЕНТИРАЊЕ , ВГРАДУВАЊЕ НА ПЕЈСМЕЈКЕРИ , ВЕНТРИКУЛОГРАФИЈА, ПЕРИКАРДИОЦЕНТЕЗА А И ДРУГИ ТАКВИ МЕТОДИ КОИ СЕ ИНВАЗИВНИ.Во исто време знаејќи дека од сите специјалности се пропраќаат пациентите кај интернистите за да тие дадат конечен суд, на основ кој ќе се превземат понатамошни третмани.Системот досега функционираше безпрекорно што може да се види од самите извештаи на интернистите наназад овие години.Дали ова ќе значи прекин на методологијата во целиот здраствен систем во Република Македонија било ЈЗУ , било ПЗУ и ќе се укинат носителите на здраствената заштита и во исто време фундамент на медицината, а притоа ќе немаме доктори кои би ги работеле овие нешта.
Сакаме да ни одговорите на едно основно прашање , зошто ни во една друга специјалност со методи многу посложени од овие кај интернистите не барате сертифицирање ? Дали тоа значи дека имате посебен третман од правна гледна точка за сите други на еден начин а за интернистите на друг начин.Ве молиме да размислите добро затоа што досегашниот систем докажа дека тие методи интернистите ги вршат егзактно,навремено,со голема прецизност и од истите тие извештаи се донесуваат добри одлуки.
Доктори кои до сега ги користеле овие методи,повеке години наназад и кои и понатаму се оспособуваат со дополнителниу знаења НЕ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ СЕРТИФИКАТИ.

КОМИСИЈА ЗА СЕКУНДАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ПРИ ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари