Состанок помеѓу ЗПЛРМ, Болница Велес, Јасеново, Аптеки и ФЗОМ

Почитувани колеги,

На ден 20.06.2013 година се одржа состанок во Розе Сала во Велес помеѓу приватниот сектор, Болница Велес,Јасеново, аптеки и Фонд.

Тема новините за електронското закажување и Е-рецептот.

Состанокот почна во 20 часот, а заврши во 22 часот.

Истиот го водеа раководителот на Подрачна единица на Фондот Г-дин Анде Марковски и Др Лилија Чолакова Дервишова

Имаше многу прашања од сите присутни.

1.Се побара техничко упатство како да се постапува кога ќе нема струја, ретроградно издавање на упат и рецепти.

2.Секундарците не можат да закажуваат преку програмите на терцијарно ниво.

3.Кога се издаваат по три рецепти од еден лек-програмот мора да изгенерира три сериски бројчиња, а не едно.

4.Од болница бараат до Фондот-да се прифаќаат упатите од Брза помош.

5.Да има администратори на секое одделение од болницата.

6.Дали повторно ќе се печатат рецепти и упати или се ќе биде електронски.

7.Сите поддржуваат електронско здравство, но бараат во летниот период да се вежба се до моментот додека не стане стабилен целиот систем.

8.Наведуваат дека одделението гинекологија преку целото лето ќе има само по еден гинеколог во смена и тој ако има некој итен случај, нема да може да се запазат термините кои се закажани. Едноставно постои недостиг на кадар за летниот период.

Коментари (1)

 

  1. D-r Igor напиша:

    Браво за Велес,
    уште еднаш покажавте дека сте најорганизирани и сте пример за позитивна соработка на сите институции во здравството…ФЗО, приватен сектор, јавен сектор, болници…
    Така треба да е секаде во Македонија засто само така ке функционираме како СИСТЕМ
    поздрав до сите
    Д-р Игор Дабески

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари