Најчесто поставувани прашања од страна на матичните доктори и одговори од страна на стручните лица на Фондот
– Како да се постапи кога на пациентот му е потребен нов извештај од специјалист за продолжување на боледување а кај специјалистот нема слободен термин пред датата на завршување на претходно добиеното боледување?
Во овој момент ќе мора да биде примен без електронски да има закажано, терминиот на приемот да биде меѓу прегледи.
– Како да се третираат итните случаи? Очигледно ЈЗУ немаат инструкции за ова, па пациентите и во овие случаи ги тераат да закажуваат кај матичен лекар.
Итните случаеви не влегуваат во делот на упатување и закажување, но влегуваат во делот за евидентирање. Покрај дневниот план на пациенти во една амбуланта, било кога сестрата или докторот може да прими и евидентира итен случај. На обуките на докторите и сестрите од ЈЗУ-та ова им беше детално објаснето, како и креирањето на контрола, преупатување кон друга институција или апарат и ред други работи.
– Контролните прегледи кај специјалистот исто така моментално ги закажуваат преку матичните лекари иако упатот важи еден месец од првиот закажан термин. Ова од причини што како што сме информирани моментално системот мој термин не им дозволува на специјалистите да закажат преглед сами кај себе или кај друг специјалист.
Не е точно, секој доктор може да си закаже сам кај себе контролен преглед на секој пациент, контрола не може да се закажува од матичен бидејќи тоа веќе е процес на креирање на нов специјалистички упат. Исто така и оваа функционалност им беше објаснета на сите доктори/сестри/оператори кои ги посетуваа обуките.
– Некои клиники немале истакнато термини.
Неодговорност на менаџери, иако се испратени еден тон укажувања и известувања
– Не постоела можност за корекција на грешен рецепт или упат. и сл.
Погрешениот упат и рецепт може да се корегира се до моментот дури не се реализира од страна на специјалистот или аптекарот соодветно. За нив не постои никакво временско ограничување, се мислиме да ставиме да биде 24 часа од креирањето, но тоа не е ставено.
Единствено временско ограничување е ставено кај реализацијата на електронскиот рецепт, односно фармацевтот може да го смени лекот што му го издал на пациентот во максимум 5 минути од неговата реализација. Ова прашање е ставено на дискусија и треба да се утврди дали воопшто ќе има сторнирање од определено време или ќе остане ограничувањето на 5 минути.




