Укажување за Е-упат и Е-рецепт
Почитувани колеги,
На следниот линк можете да го превземете укажувањето по кое треба да постапите за креирање на електронски упати и електронски рецепти.
Укажување за Е-упат и Е-рецепт
Доколку не сте во можност истите да ги креирате со помош на Вашите апликации кои се интегрирани со националниот систем за електронски евиденции во здравството – МојТермин, задолжително е користење на веб апликацијата на министерството (mojtermin.mk).
Доколку не Ви се доставени корисничко име и лозинка за најава, треба да се најавите со Вашата електронска здравствена картичка.
После најавата имате модули за креирање на електронски упати и електронски рецепти. За секоја од функционалностите имате и креирано кориснички упатства кои го објаснуваат начинот на креирање на е-упат и е-рецепт.
Доколку имате било какви проблеми, технички,проблеми со најава или нејаснотии, слободно пишете ни на следниот мејл: mojtermin@zdravstvo.gov.mk
Со почит,
Мој Термин,
Министерство за здравство
www.mojtermin.mk




