До крајот на јуни задолжително обновување и продолжување на дозволата за работа на здравствените установи

Согласно член 318 став 1 од Законот за здравствената заштита (Сл.Весник на РМ 43/12 и 145/12) во тек е постапката со која постојните здравствени установи имаат обврска да поднесат барање за обновување и продолжување на дозволата за работа во мрежа или надвор од мрежа.

Крајниот рок на поднесување на документите е 29.06.2013 година.

Сите здравствени установи до Министерството за здравство потребно е да достават :

1. Барање за обновување и продолжување на дозволата за работа во мрежа или надвор од неа;

2. Доволата за работа на здравствена установа издадена од Министерство за здравство – копија;

3. Тековна состојба од Централен Регистар;

4. Листа на опрема која се користи во здравствената установа;

5. Скица на просторот на здравствената установа (исцртан простор со назначување на квадратурата на секој дел посебно)

6. Договор за плаќање на здравствените услуги со ФЗОМ за оние здравствени установи кои работат во мрежа.

Дополнителни информации околу водење на постапката и евентуални дополнителни документи, информации по приемот на барањето ќе добиете од правниот сектор во Министерството за здравство.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари