Уште еден месец за замена на сините картони

Со електронски картички ќе се лекуваме од 1 јули

И пензионерите ќе мора лично или нивните деца да ги поднесат барањата за новата картичка за лекување

Сите осигуреници на Фондот за здравство, вклучувајќи ги и пензионерите, мора до 1 јули годинава да извадат електронски здравствени картички, кои конечно ќе ги заменат книшките, а веќе нема да им требаат ниту сини картони кога ќе одат на лекар. Според последните податоци, беа изработени околу 610.000 електронски здравствени картички, а граѓаните подигнале 310.000 картички. Сега се изработуваат околу 250.000 картички за осигурениците и членовите на нивните семејства.

Од Фондот за здравство апелираат дека се наближува крајниот рок до кога треба да се извадат картичките, па да побрзаат осигурениците што досега не поднеле барање. За да има помалку турканици пред скопската подрачна единица, фондовските врати се отворени до 19 часот.

– Целта е до 30 јуни годинава целосно да се стави во функција електронската картичка и повеќе да не се печатат сини картони. Фондот уште еднаш упатува апел до сите осигуреници што не поднеле барање за издавање ЕЗK, да поднесат во најбрз рок (за вработените преку своите фирми, а другите поединечно да дојдат на шалтерите во подрачните служби на Фондот) – потсетуваат од Фондот за здравство, каде што се обработуваат околу 100.000 барања и се печатат 308.266 картички.

И пензионерите ќе мора да ги извадат електронските здравствени картички и да не чекаат тоа да го направат нивните матични лекари, кај кои може да земат образец за да добијат ваква картичка.

– И пензионерите ќе мора лично, а не преку матичните лекари, да ги поднесат барањата или тоа наместо нив да го направат нивните деца. Ако праќаат трето лице за овој документ, тоа мора да има полномошно. Осигурениците мора да достават уплатница и барање за картичка, кое се наоѓа на интернет-страницата на Фондот, или само барање, а потоа уплатница. Тие со пензии до 15.000 денари треба да уплатат 100 денари, а ако пензијата е над 15.000, се уплатува 250 денари за картичката – појаснуваат од Фондот.

Сите информации за постапката и барањата за картичка се објавени на веб-страницата фзо.орг.мк, на шалтерите во подрачните служби и на бесплатниот телефон 080033222.

Љубица Балабан

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари