Лекарска Комора бара повеќе пари за матичните лекари

За 10 денари зголемување на капитациониот бод за матичните лекари. Или наместо 50 денари по пациент Фондот да им плаќа 60 денари. Ова барање до ФЗОМ и Министерството за здравство го доставил претседателот на ЛКМ. Одлуката била донесена на последната седница на Извршниот одбор на Комората. Образложението е дека во последните години има нарушување на стандардот на здравствени услуги како резултат на недостигот на средства кои се издвојуваат за примарната здравствена заштита. Од Комората појаснуваат дека со воведувањето на проектот Мој термин, се направила централзиација на базата на пациенти во ФЗОМ. Со тоа се избришале голем број на пациенти од личните бази на матичните лекари. Но се појавиле и пациенти кои лекарите ги лекувале со години а не биле сместени во нивните бази. Посебен проблем биле и пациентите кои станувале пасивни по секое излегување и подолг престој надвор од државата. Исто така во државата има околи 250.000 граѓани кои немаат избрано матичен лекар.

Барањето за зголемување на бодот според ЛКМ е заради стабилност на работењето на матичните лекари.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари