Казни за 16 матични лекари во Велес – Одлука на Фондот за враќање на средствата
Казни за 16 матични лекари во Велес. Пишувале рецепти над лимитот кој им е дозволен. Казните се движат од 500 до 2 илјади евра. Во здружението на приватни лекари сметаат дека матичните ненамерно го надминале пропишаниот лимит.

Казни заработиле и доктори кои ги менувале колегите. По реакцијата на еснафското здружение, фондот за здравство одлучи да не ги казнува.
Од здружението на приватни лекари апелираат и до пациентите за поголема одговорност. Да бараат терапија која им е потребна само за тековниот месец.
Зоран Јаневски
Коментари2 коментари





Ја поздравувам реакцијата на ЗПЛРМ до ФЗО меѓутоа сметам дека ова не е целосно решение на проблемот со рационално препишување лекови од страна на матичните лекари.
Имено се работи за една потполно погрешна калкулација на препишаните рецепти кои повторно ги става матичните лекари во една обесправена ситуација. Поточно не сите лекови кои матичниот лекар ги препишува а кои не се категоризирани како лекови по препорака на специјалист се всушност првично препишани од матичниот лекар. На пример пациент кој боледува од хипертензија и кој од матичниот лекар е лекуван со еналаприл по лекарски преглед од страна на интернист се враќа со дополнителна терапија од интернистот а во која спаѓа и метопролол, хидрохлортијазид, верапамил или амлдипин и сето тоа повторно му се вбројува на матичниот лекар како тој да ја препишал таа терапија. Моја проценка е дека повеќе од половината лекови кои не доаѓаат по препорака на специјалист се всушност препорачани од специјалист. Затоа ако ФЗО навистина смета дека матичните лекари се оние кои нерационално препишуваат лекови праведно би било на матичниот лекар да му се бројат само оние лекови кои тој лично ги препишал а не и оние кои се препорачани од специјалисти. Технички тоа многу лесно би се изведело така што ако на пример интернист во својот извештај напише дека пациентот треба да зема амлодипин тогаш при препишувањето на рецептот ќе се внесе бројот на факсимилот на интернистот во рецептниот образец(а матичниот ќе си има копија од извештајот во картон) и повеќе тој рецепт него нема да му се брои затоа што лекот дошол препорачан од лекар специјалист. Само на таков начин точно може да се увиде кој матичен лекар по своја вина злоупотребува и нерационално препишува терапија. Од друга страна да се бара рационално препишување лекови од страна на матичните лекари без да се стават одредени ограничувања кај лекарите специјалисти води кон една ситуација која создава голема нервоза и нетолеранција меѓу лекарите и пациентите. Матичните лекари во иднидна ќе се плашат да не бидат казнети, специјалистите ќе препорачуваат секаква терапија и кај што треба и кај што не треба а пациентите ќе ги обвинуваат матичните лекари дека не им ја даваат терапијата на која имаат право како осигуреници и воедно ќе изгубат било каква доверба во институциите на системот затоа што сите ние сме дел и претставници на тој здравствен систем.
Vo mojata svest prepisuvanje na lekovi ne e prevencija tulu terapija.A za hronicna terapija ne sakam no da razgovaram.Za dogodina mora da se isfrli ovaa cel od nasite dogovori.A za E receptot bi sakala da iskomentiram.Da mora da ima mnogu strogi kontroli softverot.Znaci ako e pogresen faksimil od specijalist,da ne pusta da pomine receptot,ako e promeneto mestto na rabotenje na specijalistot isto taka da ne pusta softverot.Pogresen rezim na prepisuvanje i uste mnogu drugi kontroli.I prvo testiranje na sistemot a potoa pustanje vo funkcija.