Казнети 16 Велешки лекари за издавање на поголем број рецепти

Казнeти се 16 матични лекари од Велес бидејќи пишувале повеќе рецепти од дозволениот лимит. На ова реагира Здружението на приватни лекари на Македонија од каде велат дека казните се превисоки и се движат од 500 до 2.000 евра. Дел од амбулантите за да ги исплатат казните дури земале и банкарски кредити. Од еснафското здружение велат дека речиси сите казнати лекари ненамерно го надминале лимитот, а причината за прекумерното препишување рецепти ја гледаат во честите замени на лекарите кога нивен колега е на одмор или боледување.

Здружението апелира пациентите да имаат разбирање и да бараат терапија која им е потребна само за тековниот месец. Сепак вистинското решение на проблемот го гледаат во Фондот за здравство од каде очекуваат да се промени правилникот за издавање рецепти. Велат дека неусогласените регистри на пациенти меѓу лекарите и Фондот и честите пререгистрации довеле до ваква ситуација.

Според нив лекарите на хронично болните не треба да се сметаат како превентивни лекови. Инаку максимумот за издадени рецепти зависи од бројот на пациенти кои ги има лекарот. Од Здружениоте на приватни лекари се надеваат дека Фондот ќе ги прифати нивните барања.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари