Нема партиципација кај матичен лекар – Сител 09.02.2011

Нема плаќање за преглед кај матичен.  Министерот за здравство уште на старт ја пресече иницијативата на лекарите концесионери  да се воведе партиципација во примарното здравство.

Османи категоричен дека не смее да постои никаква пречка за граѓаните во добивањето на услуги од превентивната и примарната заштита.

– Нашата заложба и она што стои во програмата е дека примарното здравство треба да биде столб на здравствениот систем. Се плашам дека со воведување на партиципација ние ќе ги ограничиме граѓаните да добиваат услуги а тоа пак е спротивно на нашата заложба 24 часа достапност на матичните лекари, изјави Бујар Османи.

Османи со став дека нема да се согласат и на евентуално ограничување на бројот на прегледи, или пак нивно претходно закажување.

Падна во вода обидот на лекарите концесионери дека со воведување на партиципација ќе го подигнат нивото на здравствени услуги и ќе воведат ред во амбулантите.

Не само министерот, со предлогот не се согласуваат и граѓаните.

– Не треба да се плаќа. Како тоа таму партиципација, во болница партиципација..од каде пари, реагираат граѓани.

Од здружението на лекари концесионери вчера се пожалија дека не може дневно да прегледуваат од  50 до 80 пациенти.  Со воведување на партиципација сметаат дека бројот на прегледи ќе биде намален и ќе имаат поголема концентрација за посветеност на болните.

Нивните барања ги соопштија истиот ден кога Фондот за здравство објави дека матичните од 1 март ќе добиваат повеќе пари од фондовската каса. им го вратија капитациониот бод од 45 на 50 денари.

Сања Димитровска

Изворната вест и видеото можете да го погледнете на следниот линк: nema-participacija-kaj-matichen-lekar

Коментари (1)

 

  1. jas напиша:

    Pa normalno se vodi bunbar politika, neka im objasnat na osigurenicite deka za 50 denari mozat kolku pati sakaat da dojdat kaj maticen a parking za eden sat kosta skoro tolku. Kolku pari tolku muzika

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари