Проблеми во приватно здравство
Од 04.12.2012 имаме поднесено барање за втор лекарски тим во ПЗУ од Тетово. Сеуште немаме добиено одговор. Јас сум педијатар, а лекарот кој што сакам да го вработам е општ лекар. Од правната служба на МЗ имам позитивно мислење, меѓутоа веќе 4 месеци не се решава работата. Јас каде што работам 3 педијатри веќе имаат општи лекари од порано. Заедно со мене, барање за втор тим поднесоа и други лекари и кај нив се заврши, освен во случаите каде што работат педијатри. Каде да се обратиме за да се реши проблемот?




