Системот “Мој термин” во здравството

Проектот –Мој термин на проба. Матичните го тестираат закажувањето а специјалистите слободните термини за преглед. Здравствените власти за 15 дена треба да ги усогласат сите недостатоци во системот. Тоа значи пациентите нема да талкаат во здравствениот лавиринт.

Целата работа ќе им ја заврши матичниот лекар кој ќе им каже кој ден и во колку часот да отидат кај интернистот. Ординацијата на доктор Куч во поликлиниката Чаир е подготвена да работи по новите правила.

-Го имаме пациентот, ја вметнуваме дијагнозата и се поврзуваме со специјалистички ординации. Бараме слободен термин кај потребниот специјалист. За ова очекуваме и разбирање од пациентите бидејќи на почеток самиот систем ќе одзема време а може да се случи специјалистот што го сака пациентот да нема термин и слично, вели Мевлудин Куч матичен лекар.

Доктор Куч бара прегледите да се закажуваат и кај матичен. На тој начин вели нема д аима гужви пред ординациите и нервози кај пациентите. Тоа нема да важи за итните случаи.

-Секако дека така ќе биде подобро. Прегледите ќе се закажуваат на телефот, вели др. Куч.

Од тоа што го слушнале во медиумите пациентите очекуваат системот Мој термин да биде во нивна корист. Но чекаат прво да профункционира.

Со Мој термин ќе ги нема гужвите пред ординациите. Здравствениот систем ќе функционира како што треба а пациентот секогаш ќе знае кога и каде има закажан преглед.

Сања Димитровска

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари