Договори – општа медицина и гинекологија
Почитувани колеги,
Преговорите со ФЗОМ завршија и оваа година има неколку придобивки и придвижувања кон напред.
Казните се намалени и за прв пат нема казна цела капитација туку пола и четврт.Ова е заради економската стабилност и функционирање на ординациите.
Во член 9 контролата ќе иде на крај од година само во четврто тромесечие и ќе Ве контролира за цела година и ако најде не реализирана цел ќе се казнува само за таа цел во тоа тромесечие.
Од 01.07.2011 ќе мора се да се принта,рецепти,упати.Ова преговарачите го прифатија за да се заштити членството од казни (ако некој не пише дата на рецепта или на упатите да не се внесе дата,број на картон или број од амбулантски дневник).
Ако принтате се излегува со самото принтање.И така сте заштитени од пропусти.
Во обврски на ФЗОМ има и Фондот да негува добри односи со здравствената установа.
Во член 25 ако сте на подолготрајно боледување и не можете да најдете замена се продолжува периодот најмногу на 60 дена, а претходно ви се бришеа пациентите, а сега ке се замрзнат.
Ве молам да си ги прочитате новите договори и максимално да се придржувате на нив.
Со почит,
Управен одбор на ЗПЛРМ
Линкови:
Коментари9 коментари










Штом никој не реагира на прашањето за рецептите, тоест лимитот, тогаш, веројатно јас сум многу осамена во овој проблем…
Колеги, што со надминувањето на лимитот за рецепти?
Ќе ни го раскинат ли договорот или ќе платиме 1/4 од капитацијата ако не сакаме да го пречекориме?
Ве молам д-р. Лили одговорете ми дали се преговара околу ова сензитивно прашање? Во мојата фреквентна ординација, каде поминуваат 70-110 пациенти/ден, доминантно хронични, со скапи лекови…јас ли ќе им ги плаќам лековите? Се чувствувам како во пајакова мрежа. Не смеам да не им дадам рецепт, пошто ќе ми го раскинат договорот/договорна казна, а ако им го дадам она што им е потребно–плаќам од свој џеб. Значи, секако плаќам јас…Сите знаеме дека ние, со многу хронични пациенти, ретко кога добивме се од тие 50 денари капитационен бод–секогаш ни ги кратеа парите…
Pocituvana koleske za ova isto se razgovarase so Fondot,no ne uspeavme da pomestime nesto okolu ovaa tocka.Ke probam so Ministerstvo da se razgovara za nekoi raboti da se promenat.Ne e se do Fondot.Pozdrav So pocit Dr Lili
Што значи овој дел од договорот-По извршена контрола од страна на Фондот врз основа на репрезентативен примерок утврден со Правилник, ќе се врши исплата на целите.
Дали тоа значи дека целите ќе се исплаќаат на крајот од годината , во последниот квартал, од кога ќе помине контролата од фондот? Или како и досега за секое тромесечје, заедно со фиксниот дел од последниот месец од тромесечјето??? Ова не е дефинирано така!!
Za toj del ke se razgovara so fondot da se promeni malku tekstot za da nema zabuni.
Konecno,znaeme li kako ke odi isplatuvanjeto na celite?Kako i dosega ili site na krajot na godinata?
Celite ke se isplakaat posle sekoe tromesecie.Sekoj doktor e svesen da treba krajno korektno da gi izrealizira.A na kraj na cetvrto tromesecie da ne iskontroliraat.
Ве молам за попрецизно објаснување на следниве моменти од договорот зошто на мене барем ми се чини дека се нејасни:Контролата ќе се врши последниот квартал од годината на важење на договорот на репрезантативен примерок на 2.5% од целите за секоја цел поединечно за секој квартал. Доколку со контролата се констатира неисполнување на целите во контролираниот процент, истите ќе бидат намалени во целост за кварталот во кој е утврдена неправилноста.Исплата на целите во вкупен износ од 30% се врши доколку активностите за постигнување на определени превентивни цели се извршени над 70% во зависност од процентот на остварување на целите за утврдените целни групи, освен во случаите кога ќе се утврдат неправилности за соодвениот квартал, но не повеќе од 100%.
По извршена контрола од страна на Фондот врз основа на репрезентативен примерок утврден со Правилник, ќе се врши исплата на целите
Почитуван колега ,ќе се контролираат целите во последно тромесечие и ако се најде нереализирана некоја цел,на пример во второ тромесечие тогаш ќе се казни само за тоа тромесечие и за таа цел.Поздрав