Пререгистрацијата на невработените им зададе главоболки на лекарите

Пререгистрацијата на невработените во Фондот за здравствено осигурување им зададе главоболки и на приватните лекари. Стравуваат дека слабиот одзив на граѓаните директно ќе удри по нивниот џеб. Лекарите реагирале кај Здружението на приватни лекари бидејќи велат, состојбата станува алармантна. Само триесет проценти од невработените се пријавиле во Фондот иако рокот за да го сторат тоа веќе истекува.

Оваа мака лекарите ја имаат веќе три години откако Министерството одлучи дека невработените секоја година мора да се пререгистрираат. Тие веќе неколку пати понудиле решение, но министерството не го прифаќа. И сега бараат итна промена на законот за здравствено осигурување.

Во меѓувреме на лекарите им останува само да апелираат граѓаните да се пријават во Фондот. Велат, најмал процент на пререгистрирани има во големите градови . Но, сметаат дека ако продолжи овој тренд ќе останат без пациентите кои се лекуваат на државна сметка, а од чиј број зависи висината на надоместокот што лекарите го добиваат од Фондот.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари