Болните од грип се јавуваат кога е предоцна за „тамифлу“

МАТИЧНИТЕ ЛЕKАРИ НЕ САKААТ KАЗНИ

Болните од грип се јавуваат кога е предоцна за „тамифлу“

„Само 10 отсто од пациентите доаѓаат штом ќе добијат треска, а другите дури по 3-4 дена и некои од нив сами почнале да се лекуваат со „три капсули доксициклин и две цефалексин“?! Не смееме да дозволиме да се бараат жртви меѓу нас кога малку пациенти се јавуваат навреме – уште првиот или вториот ден кога „тамифлу“ е и најефикасен“, вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватните лекари

Болните од грип доцна доаѓаат на преглед, кога веќе поминало времето да им го дадеме лекот „тамифлу“, па затоа нема да дозволиме ни еден матичен лекар да биде казнет за непрепишување на овој антивирусен препарат ако пациентот не дошол навреме, реагираат од Здружението на приватните лекари на Македонија.

По седумте смртни случаи од грип во земјава, Kомисијата за заразни заболувања и за грип при Министерството за здравство апелира матичните лекари многу почесто да го даваат овој препарат за да се спречи појавата на тешките компликации. За сите пациенти што завршиле со смртен исход формирана е и Kомисија за стручен надзор на лекувањето и тоа на сите нивоа на заштита – од матичен лекар до клиника.

– Ги охрабруваме матичните лекари да им го препишуваат лекот „тамифлу“ на хронично болните, трудниците и на децата помали од две години зашто ја подобрува клиничката слика на заболениот уште следниот ден, и го спасува животот особено кај ризичните групи. Никако да не се чека лабораториска потврда за грипот, туку веднаш, по утврдување на симптомите на грип, лекарите да го даваат овој лек и тоа без страв зашто досега нема пријавено несакани реакции од него – вели д-р Јованка Kостовска, раководителка на Секторот за превентивна здравствена заштита.

– Само 10 отсто од пациентите доаѓаат веднаш штом ќе добијат треска, а другите дури по 3-4 дена и некои од нив сами почнале да се лекуваат со „три капсули доксициклин и две цефалексин“?! Не верувам дека ни еден матичен би пропуштил да го даде лекот, но не смееме да дозволиме да се бараат жртви меѓу нас, во ситуација кога малку пациент – вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватните лекари.

(Љ.Б.)

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари