ПАЦИЕНТИТЕ РЕАГИРААТ НА УПАТСТВАТА ЗА ПРЕПИШУВАЊЕ ЛЕKОВИ

И за гнојна ангина треба прво доказ, па рецепт

Пациентите се жалат дека лекарите им бараат докази – микробиолошки резултат од грло и од нос или од испитување на крвта – пред да им препишат антибиотик кој е на товар на Фондот за здравство, дури и кога станува збор за заболувања што се дијагностицираат и без никаков лабораториски резултат. Лекарите потврдуваат дека им се бара медицинска документација, но дека слепо не се придржуваат до фондовските упатства и дека дури некогаш и ги заобиколуваат во интерес на здравјето на пациентите.

– Ќерка ми се разболи од гнојна ангина, а уште пред прегледот матичната лекарка исплашено ми рече дека мора да имам и медицинска документација за доказ за да ~ препише антибиотик! Што е ова – лекување или судница? Да не треба и да ги сликаме крајниците, па да ги проследиме за во Фондот за здравство да имаат несоборлив доказ дека е во прашање состојба за која мора да се препише антибиотик? За среќа, потоа малку ме утеши дека документите може и по неколку дена да се достават, и сепак, ~ препиша антибиотик. Инаку, ќе морав приватно да го купам лекот, иако имаме сини картони – револтирано раскажува 48-годишната Љ.П.

Лекарите велат дека не сите постојано се придржуваат до Упатството за препишување лекови.

– Kој лек јас сметам дека треба, тоа и му препишувам на пациентот, во интерес, пред с`, на неговото здравје. Не секогаш можеме истиот ден да обезбедиме доказ за некоја болест. На пример, ако треба да се чека на резултат од микробилошки брис од грло и од нос, кај нас поминуваат три-четири дена за овие анализи, а некогаш состојбата на болниот укажува дека уште истиот ден треба да почне со антибиотска терапија. Не можеме по секоја цена да ги следиме фондовските упатства – вели една матична лекарка која работи во Скопје.

На забелешките дека и во западноевропските земји има строг режим на препишување антибиотици, пред с` поради опасноста од создавање отпорност на организмот, и како таму ги лекуваат пациентите, таа додава:

– Да, но во многу земји има опремени лаборатории во кои и за еден ден може да се добијат микробиолошки резултати, а кај нас се чека по најмалку три дена – објаснува оваа лекарка.

Во Здружението на приватни лекари велат дека до толку ригорозно не мора да се почитуваат упатствата и претпоставуваат дека лекарката можеби се исплашила ако претходно на други пациенти веќе им препишала повеќе антибиотици:

– Иако ни се дадени насоки за одредени лекови кои смееме да ги препишеме, може и да отстапиме од критериумите. Зарем ако заболи некој кој живее во некое оддалечено село лекарот задолжително ќе му бара да направи брис од грло и од нос? А второ, ние како практичари можеме и да забележиме кога е во прашање ангина предизвикана од бактерија според клиничката слика. Не стои дека мора да има антибиограм како доказ, но секако, добро е да се направат одредени испитувања, за секој случај. Тамам работа ако за секоја гнојна ангина бараме да се направи брис од грло. Тоа е често наша слободна процена – вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на РМ.

Таа додава дека од Фондот за здравство малку ги поедноставиле правилата и во случаи кога се издаваат боледувања.

– Сега за отсуствата од работа што траат до седум дена, дозволено ни е и врз основа на нашето знаење да оцениме дали некој е за боледување, а претходно и за нив требаше медицинска документација. А кога е во прашање препишувањето лекови, често има и други ситуации – на пример – кога лекар – интернист препишува антидепресив, а се знае кој е компетентен за тоа – додава д-р Чолакова-Дервишова.

Директорот на Фондот за здравство, Јован Грповски, завчера изјави дека ниту еден лекар нема да биде казнет од Фондот ако постапува согласно со упатствата за медицина базирано на докази при препишување лекови, а дека контролите мора да постојат, но не за да бидат застрашувачки.

Љубица Балабан

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари