Работилница ЗПЛРМ – ФЗОМ

На ден 24.02.2013 се одржа работилница помеѓу ЗПЛРМ и ФЗОМ

Тема: Унапредување на односите помеѓу приватниот сектор и ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Здружението на приватни лекари денеска на Клиниката за кардиологија одржаа работилница со цел унапредување на нивната соработка.

Се презентираа активностите на Секторот контрола и се констатираа најчестите неправилности во здравствените установи од примарна здравствена заштита со цел подобрување на работата на избраните лекари и подигнување на квалитетот на здравствените услуги на повисоко ниво.

Од Фондот укажаа на активностите кои се превземаат за намалување на неправилностите во работењето на приватните здравствени установи од примарна здравствена заштита, како што се едукација за новите критериуми за дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болест и повреда или потребата за нега на болен член од потесното семејство, извршени обуки за новиот начин на упатување на повисоко ниво на здравствена заштита, воведување втора смена (мобилна и дежурна служба) и инфо линија во Сектор контрола која им овозможува на лекарите и осигурениците добивање на информации во врска со работењето на ПЗУ согласно договорните одредби со ФЗОМ, воведување на апликацијата „Мое осигурување, мој доктор“ од која произлегоа голем број претставки од осигуреници за изборот на избран лекар итн.

Директорот на Фондот, Јован Грповски истакна дека работилницата се одржува со цел да се потенцира каде се слабостите во работењето и заеднички да се изнајде начин како тие да се надминат во интерес на пациентите. Посочи дека не констатирале сериозни прекршувања од областа на здравствената заштита на пациентите.

– Се работи повеќе за недостатоци кои се најдени од аспект на водење на медицинската евиденција и документација, за некои други помали прекршувања или нарушувања на одредбите на договорите, но во секој случај немаме констатирано сериозни недостатоци. Директни поплаки од пациенти за стручна работа односно барање за стручен надзор на матичните лекари нема, истакна Грповски и му се заблагодари на Здружението за добрата соработката, што, според него, е еден начин гарант за добра здравствена заштита на пациентите.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со поплаки на пациентки дека нивните матични гинеколози им наплаќале преглед, Грповски рече дека благовремено реагирале, Секторот контрола вршел систематска контрола, но и по претставка на пациетки и оти тоа се повеќе и повеќе се емилинира.

– Секој кој и натаму ќе го има тој проблем апелирам за тоа да не информира – преку веб сајт, дежурен телефон, со писмена претставка, за ние веднаше да излеземе на терен во заштита на нивните права, посочи Грповски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нивна цел не е лекарите да бидат под притисок на Фондот и затоа се одржува работилницата.

– Во однос на тоа кога смеат да препишат антибиотик или не, апсолутно треба да се работи согласно медицина заснована на докази. Значи ако е предвидено согласно тие протоколи дека за определена состојба треба прво да се направи антибиограм или да се препише антибиотик апелираме тоа да се направи. Ниту еден лекар од нас нема да биде санкциониран ако постапува согласно упатствата за медицина базирана на докази. А од друга страна, постоењето на контролите мора да го има, но не со цел да биде заплашувачко, додаде Грповски.

Претседателот на Здружението на приватни лекари на Македонија, Лилиja Чолаковска Дервишова изјави дека ја поздравуваат средбата со Фондот. Целта на една ваква средба, посочи таа, е да ги унапредиме нашите односи со Фондот за подобрување на состојбата на сите доктори кои се столб на здравствениот систем во Република Македонија.

– Имаме одредени тековни проблеми кои ги лоцираме. Ги координирам сите координатори од сите градови на Македонија кои учествуваат на работилницата и секој со соодветниот проблем во однос на висината на буџетот за препишување рецепти, имаме одредни казни, унифицирање на контролата од Фондот, да усогласиме уште некои работи – како во поликлиниките би работеле двајца доктори итн. Наша цел е да разговараме и партнерски да ги надминеме сите проблеми, потенцира Чолаковска Дервишова.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога Фондот планира да назначи финансиски директор, Грповски рече дека до завршување на локалните избори не можат да отпочнат постапка за добивање согласност од Министерството за финансии. Тој додаде дека таа процедура ќе ја почнат по завршување на изборите.

Извор: 24 Вести

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари