Работилница во организација на ЈЗУ Институт за белодробни болести и туберкулоза

ЈЗУ Институт за белодробни болести и туберкулоза
Ул Водњанска 17 тел: 02 3111 329

Предмет: Известување

На 01-02 март 2013 година (петок и сабота) во Едукативниот центар на ЈЗу Институт за белодробни заболувања и туберкулоза ќе се одржи Работилница на тема: Подобрување на контролата на туберкулозата во Република Македонија во рамките на проектот на Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА туберкулоза и маларија.
Работилницата е наменета за лекари од Примарната здравствена заштита ( специјалисти и општи лекари) и истата е акредитирана од МЛД и ЛКМ

За учесниците на состанокот кои не се од Скопје обезбедено е сместување и надомест на патни трошоци во висина на повратна автобуска карта.

Вашето учество на состанокот треба да го потврдите најдоцна до 26.02.2013 година со тоа што ќе кажете дали ќе патувате или ќе престојувате во хотел за време на одржување на работилницата

Работилницата започнува на 01.03.2013 година во 14 часот.

Ве молиме Вашето учество да го потврдите на телефон 078 481 722-лице за контакт Ана Паунова

Директор

Прим д-р сци мед Билјана Илиевска Попоска

М-р Анита Поповска

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари