Состанок со комисијата за Грип при Министерство за Здравство
На ден 08.02.2013 година заседаваше Комисијата за Грип при Министерство за здравство со која раководи Др Јованка Костовска.
На истиот состанок присуствуваше и Претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова. Состојбата е стабилна,нема причина за паника,матичните доктори најсовесно си ја обавуваат работата во РМ.Нема притисок од пациенти кон болниците ,ниту кон Клиниката за инфективни болести.
Почитувани колеги,
Ве молам уште еднаш придржувајте се кон препораките на Министерство за здравство.Препаратот Тамифлу препишувајте го веднаш,ако се сомневате дека кај пациентот се работи за Грип.Препишувајте го на розов или приватен рецепт.Лекот е бесплатен.
Овој лек слободно може да го користат и трудниците кои имаат Грип, како и пациентите со други хронични заболувања.
Со почит,
Др Лилија Чолакова Дервишова




