Оглас за пројавување интерес за вршење здравствена дејност во Мрежата на здравствени установи
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО
ОГЛАС ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС
Со цел обезбедување рамномерна достапност на здравствените услуги во примарната и секундарната здравствена заштита за сите граѓани на Република Македонија, ги повикуваме сите заинтересирани здравствени работници и приватни здравствени установи да достават до Министерството за здравство – ПИСМО ЗА ИНТЕРЕС за вршење здравствена дејност во Мрежата на здравствени установи во дејностите:
– на ниво на примарна заштита: биохемиски лаборатории,
– на ниво на секундарна заштита: интерна медицина; инфектологија; онкологија; неврологија; психијатрија; дерматовенерологија; офталмологија; стоматолошка протетика; ортодонција; микробиологија; радиологија; медицинска биохемија; физикална медицина и рехабилитација; хирургија; максилофацијална хирургија; урологија; ортопедија; оториноларингологија; спортска медицина,
Во кои, според Уредбата за мрежа на здравствени установи („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/12) нема доволен број на тимови за горенаведените дејности во соодветното подрачје.
Заинтересираните здравствени работници и приватни здравствени установи можат да пројават интерес за добивање лиценца за горенаведените дејности во кои според Уредбата за мрежа на здравствени установи нема доволен број на тимови само доколку обезбедат сопствен простор за вршење на здравствената дејност.
Во писмото за интерес задолжително да се наведат:
– име и презиме на здравствениот работник или назив на здравствената установа, кои се заинтересирани за вршење на здравствена дејност согласно овој оглас,
– место (село или населено место), општина и регион за кои постои интересот,
– здравствената дејност за кои се заинтересирани,
– податоци за контакт со заинтересираниот здравствен работник, односно приватна здравствена установа (адреса, телефонски број, е-маил адреса).
Пријавите за интерес да се достават во архивата на Министерството за здравство најдоцна до 8.02.2013г. со назнака „Писмо за интерес за здравствена дејност“.
Министерство за здравство




