Работилница Струга 26-27.01.2013
На ден 26.01.2013 и 27.01.2013 година се одржа работилница во организација на ЗПЛРМ со покровителство на ЛКМ во Струга. Беа поканети гости од Министерство за здравство и од Фонд за здравствено осигурување. На поканата позитивно одговорија двете страни.
Теми на дводневната работилница беа – секојдневни проблеми на приватниот сектор, давање на сугестии за следни измени во делот на договорот со Фондот.Проблеми со концесиите, како лесно да се надминат истите и сите да бидат задоволни.
Министерство за здравство најави електронско закажување на пациенти за секундарно и терцијарно здравство.
Потсетување до сите доктори да до шести месец 2013 година ќе треба да поднесат барање до МЗ за обновување на лиценцата за работа за во мрежа на здравствени установи.
За дополнителни информацииќе бидеме навремено известени од страна на МЗ.
Фондот најави уште една работилница при крајот на месец февруари-во негова организација. Овие работилници се корисни за сите три страни учеснички и треба да ги има почесто.
ЗПЛРМ-ЛКМ-МЗ-ФЗОМ Партнери во здравствениот систем












