Работилници во организација на ЗПЛРМ

Почитувани колеги,

ЗПЛРМ во согласност со новиот Анекс договор со ФЗОМ за 2013 година, под покровителство на Лекарската Комора на РМ ќе ги организира работилниците за новите четири теми кои ги одреди ФЗОМ.

Целта е да се унифицира работењето на сите матични доктори на територијата на РМ. Целта на Здружението и на Лекарската Комора на РМ е да се грижат за сите колеги. За таа цел, ЛК на РМ набави ЛЦД Проектори со ролетна за 11 града и дозволи сите Претседатели на општински одбори да набават компјутери – лап топови.

Се донесе одлука на ниво на Здружение цената на работилниците да се намали на 1200 денари по работилница. Значи, оваа година се уплаќа на ЗПЛРМ-треба да пишува уплата за чланарина за прво тромесечие.

ЗПЛРМ и ЛКМ одлучија работилниците да се изведуваат во повеќе градови се со една цел – колегите да ја реализираат целта од Договорот со ФЗОМ – Работилница во својот град или во најблискиот. Така ќе се намалат патните трошоци.

Ке има акредитација од ЛКМ.

Секој посетител ќе добие сертификат за посета на Работилница која ќе биде организирана од ЗПЛРМ под покровителство на ЛКМ. Тие сертификати ќе бидат валидни за пред контролата на Фондот.

Пријавувањето за работилниците е на следниот линк: Пријавување за работилници

Со почит,

ЗПЛРМ

Коментари2 коментари

 

  1. gazmend.haliti напиша:

    Pozdrav,za tetovo kogo da kontaktirame koj e odgovoren.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари