Измена на правилникот за содржината во делот упатување од страна на избраните гинеколози
Почитувани,
Почитувани,
На следниот линк можете да ја превземете измената на правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување во делот на упатувањето од страна на избраните гинеколози.
Правилник за содржината и начинот на остварувањето на правата
Упатство за пополнување и примена на новите обрасци – упати
Имено покрај веќе постоечкиот исклучок за упатување на повиско ниво на здравствена заштита во делот на хормоналниот статус, веќе избраните гинеколози можат да упатуваат и за тумор маркери. На кратко ова значи дека избраниот гинеколог со ЛУ-2 образец може директно да упати до био-хемиска лабораторија која има договор со ФЗОМ, за хормонски статус и тумор маркери без притоа да издава специјалистички/субспецијалистички упат за преглед на секундарно ниво. Со оваа измена се надеваме дека жените ќе добијат поквалитетна и побрза здравствена услуга од своите избрани гинеколози.
Со почит,
ФЗОМ




