Губење на пациенти во Куманово

Почитувана Др Лили,

Повторно Ви пишуваме за проблемите кои се јавуваат во нашиот град Куманово а кои ги засегаат сите матични доктори. Имено, 20-25% од запишаните пациенти кај еден матичен лекар, поради некоја причина се одјавени и стојат слободни, без избран матичен лекар. Зошто се случува ова?

Тие пациенти најчесто имаат промена на некој од податоците, дали осигурувањето, бројот на здравствената легитимација и слично. По автоматизам, софтверот кој го користат во ФЗОМ им го брише матичниот лекар. Некои од овие пациенти кои почесто доаѓаат во нашите ординации ги откриваме и повторно ги пријавуваме, но голем е бројот на оние за кои воопшто и не знаеме дека се одјавени.

Како решение, не би знаеле што да понудиме, можеби промена на софтверот кој го користат во ФЗОМ или нешто сосема друго, но во секој случај решение мора да се најде.

Бројката на вакви случаи е многу голема, без тие пациенти нашите ординации се доведени на работ на егзистенцијата.

Со почит,

Др. Фатмир Асани
Координатор на ЗПЛРМ Куманово

Коментари2 коментари

 

  1. Mito напиша:

    Во врска со овој проблем кој го имаме сите ние и кој што ни создава проблеми во секојдневното работење , јас го предлагам следново:
    Имено,според Законот за здравствено осигурување во Р. Македонија сите грагани се опфатени ,кој по еден основ,кој по друг со Здравствено осигурување.Значи заложба на државата е да сите граѓани да бидат здравствено осигурани,без разлика на основот на осигурување.
    Е сега значи,според оваа , мој предлог е да еднаш штом осигуреникот се пријави во системот на здравствено осигурување,тој веќе да не се брише,т.е. да не постои категоријата пасивен осигуреник,т.е. основ 0.А веднаш штом во ФЗОМ ќе се види дека постои проблем со неговото осигурување,Фондот по службена должност да го информира дека здравственото осигурување не му е во ред и да го повика да си го регулира истото.Значи не да го брише,туку да го извести да се јави во Фондот и да се регулира.Сега во овој момент постојат различни основи на осигурување,па мислам дека секој ќе се најде во некое од нив,макар тоа и било основ 99 на пример.
    Мислам дека веќе сме стварно уморни од овие секојдневни бркотници со пациентите кои се избришани по некој основ,дали потврда за редовен студент,дали смениле фирми па во пријава ЗО-1 и пријавен носителот,а членовите се заборавени да се пријават,а ни ги лекуваме,па основ 99 не бил повторно да се регистрира итн.
    Дајте веќе еднаш да се разрешат овие проблеми,и сета енергија која ја трошиме за решавање на овие непотребни проблеми ја насочиме на друго место,а тоа е лекување на нашите пациенти,за што и всушност пациентите не избрале.
    Со почит,

  2. D-r Igor напиша:

    Истото се случува и во М.Брод во не така мал број и добиваме опомени од ФЗО дека издаваме терапија на пациенти кои не се водат како наши матични пациенти.
    Јас денес на редовната месецна средба во ФЗО во Брод побарав на централно ниво софтверот да не го брише матичниот лекар без разлика на тоа што вршат промени во основот на осигурување, број на здравствена лег итн итн…ами ако нема осигурување да стане пасивен за после кога ке има осигурување автоматски да се активира (како што впрочем и функционираше претходно)
    Исто така побарав да се најде начин системот на ФЗО кога ке пасивизира пациенти по било кој основ, таа листа на ново-пасивизирани пациенти да се доставува до подрачните служби кои навремено преку координаторите на локално ниво ке ги известуваат засегнатите колеги кај кои има нови пасивни пациенти…ова е една опција како да ги минимизираме нашите загуби…или да се бара некој друг начин…предлагајте
    поздрав

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари