Известување до осигурениците – здравствена заштита во дежурни служби

Почитувани колеги,

На следниот линк можете да го превземете известувањето од ФЗОМ за здравствена заштита на осигурениците во дежурните служби при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Дежурни служби – известување за осигурениците

На следниот линк можете да ја превземете одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на лековите кои може да ги препишуваат лекарите од дежурна служба.

Одлука за измени и дополнувања на одлуката за дежурни служби

ЗПЛРМ како професионално здружение секогаш кога има проблем наоѓа компромисно решение за истиот проблем.Со вклучување на матичните доктори во дежурните служби на Здравстевн дом Скопје се постигнаа повеќе бенефити.

1.За докторите кои досега дежураа многу често –скоро секоја втора недела-сега ќе дежураат на 2.5 до 3,5 месеци еднаш и тоа само во сабота.

2.Ампуларната терапија ќе биде набавена од Здравствен дом Скопје

3.Ќе се користи и печат на дежурна служба и рецепти од Здравствен дом

4.За осигурениците е бенефит што во секое време ќе можат да добијат здравствена услуга во било кој Здравствен дом во Скопје.

5.Со ова се постигна унифицирање на работењето на сите матични доктори во овој милионски град.

Ваквиот начин на работа важи само за Скопје.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари