Средба помеѓу ЗПЛРМ и Здравствен Дом Скопје
Почитувани колеги,
На ден 20.11.12 година се реализира средба помеѓу Претседателот на ЗПЛРМ и неколку координатори од Скопје и Директорот на Здравствен дом Скопје.
Тема: Договор за дежурствата во сабота од страна на матични доктори
Придобивки:
Ампуларна терапија, простор-од Здравствен дом Скопје
Секој матичен доктор треба да си дојде на дежурство со медицинска сестра
Распоредот на дежурства ќе го направат раководителите на здравствени домови и координатори на ЗПЛРМ Скопје
Наместо секој доктор да дежура секоја втора недела ,сега дежурствата ќе бидат на три месеци еднаш
Секој матичен доктор ќе дежура во својата општина каде што припаѓа
Здравствен дом дава можност на сите матични доктори кои сакаат да дежураат во недели празници и ноќе да склучат договор за соработка ,со кој ќе добиваат парична надокнада.
Дежурствата ќе почнат од 01.12.2012 година




