Здружение на приватни медицински сестри – концесионери

Др Лилија Чолакова Дервишова,

Ви се обраќам од името на Здружение на приватни медицински сестри-концесионери, вие веќе сте запознаени со нашата состојба која во моментот е доста сериозна и загрозувачка по нашите работни места. Ви пишуваме вам бидејќи и вие во неколку наврати ја имате спомнувано нашата состојба преку медиуми и на состаноци во вашето ЗРПЛМ па затоа ве молиме и на овој состанок што ќе го имате во Струмица за што и да е, да си спомнете пак за нас медицинските сестри што остануваме без работа после пензионирањето на лекарите во концесионерските амбуланти.

Инаку, после пензионирањето на лекарот,оние лекари што остануваат после нив и тие ја губат работата и се оштетени исто како и ние медицинските сестри па затоа мислиме дека е потребно да се здружиме и заедно да делуваме на распишување на предвремени концесии и вработување на нови или веќе постоечките лекари се со цел да не дојде до целосно губење на пациентите бидејќи и вие и ние знаеме колку тие после тоа тешко се собираат.

Вие како претставник на лекарите можеби сте во можност повеќе да се заложите кај надлежните за ова состојба можеби вас како лекар повеќе ке ве слушнат отколку нас медицинските сестри. Проблемот е на ниво на цела Македонија и за брзо време се шири и се повеќе мед.сестри ја губат работата а, кога се распоредуваа сестрите на работни места кај лекари концесионери од тогашните задолжени за таа работа беше ветувано дека сестрата ке ја земе новиот концесионер, но денес воопшто не така и сите знаеме дека новиот концесионер не мора да ја вработи сестрата ако не му се допаѓа.

Затоа со големо МОЛАМ! да се заложите за нас и нашата состојба па и состојбата на многу лекари кои работат во концесионерките амбуланти и остануваат без нови договори за работа а и без пациенти се до новата концесија ако воопшто ја добијат.
Однапред благодариме за подршката

Здружение на приватни медицински сестри-концесионери
Од Струмица, Куманово, Кавадарци, Штип…

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари